“Техничар за Дизајн на облека” нов стручен смер во каменичкото средно училиште

Македонска Каменица, 06. Јуни 2019 година – СОУ “Миле Јаневски Џингар” – Македонска Каменица од наредната 2019/2020 учебна година воведува нов образовен профил Техничар за Дизајн на облека. Со оваа насока од текстилството ќе се изучуваат нови стручни предмети (цртање и сликање, дизајн на облека, изработка и декорирање на модели, изработка на модни додатоци, конструкција и моделирање на облека, изработка на свечена облека, модни стилови и др. 

Под мотото “Креативноста нема граници” училиштето го промовира овој атрактивен стручен профил пред идните средношколци, повикувајќи ги  да ја искажат својата креативност на новиот смер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *