Тесна победа на МЗТ Скопје против Баскет Кам

Екипата на МЗТ Скопје е најуспешна екипа на денешниот кошаркарски турнир во М-12 категорија, кој се одигра во салата Јане Сандански – Скопје. Во последниот натпревар од турнирот, успеаа да ја победат екипата на КК Баскет Кам од Македонска Каменица со 39:36.

Поволниот распоред за домаќините, во голема мера допринесе да го добијат натпреварот, иако гостите од Каменица водеа со 3 разлика на минута и 20 пред крај. Нашите млади кошаркари лошо го отворија натпреварот, дозволија домаќините да се одлепат со високи 14:3 во првата четвртина од натпреварот. Во текот на второто полувреме разликата постојано се намалуваше. КК Баскет Кам успеа да прејде во позитива, како резултат на добрата игра на неприкосновениот Виктор Попов. Успеа да постигне дури 24 поени од вкупни 36 на Баскет Кам. Сепак на крајот МЗТ успеа да го искористи силниот замор на нашите кошаркари и би рекле, среќно го заврши натпреварот со позитива од само 3 кошеви разлика.

Ова е одличен резултат за КК Баскет Кам, бидејќи одиграа два последователно тешки натпревари. Првиот, против Работнички го добија со високи 61:28.

За следните натпреварувања на М-12 момците на КК Баскет Кам ќе ве информираме во наредните денови, кога ќе ги објавиме и деталите за големиот турнир на SportKlub каналот кој ќе се одржи токму во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *