Теодора Бумбаровска го засилува тимот на ЖФК Каменица САСА

По потпишувањето на договорот со Пејтон Тајлер Чик од САД, шампионот на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА и посака добредојде и на Теодора Бумбаровска од Прилеп.

“Од денес наша нова фудбалерка е Теодора Бумбаровска, која ни доаѓа од ЖФК Деспина, Прилеп. Откако успешно поминаа медицинските тестови, Теодора го потпиша договорот и веќе се приклучи кон тренинзите со екипата”, – изјави стратегот на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски

Со креативноста и борбеноста на Бумбаровска, во тимот на Каменица САСА очекуваат одлични натпревари и квалитетна игра во средниот ред, која ќе допринесе за уште многу заеднички успеси и секако трета титула во низа!

Leave a Reply

Your email address will not be published.