ТЕЛМА: Можеле ли институциите да го спречат свирепото убиство во Кочани? (ВИДЕО)

Можеле ли институциите да го спречат свирепото убиство во Кочани?

Одговорноста на институциите треба да се истражи за вчерашното свирепо убиство на 46 годишната жена пред нејзиниот дом во Кочани, која буквално беше измасакрирана со 42 убоди од нож, од нејзиниот поранешен партнер, повика денеска Бети Пеева од Невладината ЕХО-Штип. Таа потенцира дека според она што вчера го објавија  институциите и медиумите како информации дека жртвата седум години трпела уцена и закани, а убиецот е пријавуван во полицијата и во обвинителството, говори дека некои институции не постапувале со должно внимание, за заштита на жртвата, но и за санкционирање на насилникот.

Невладината ЕХО со години работи со жртвите кои трпат насилство без разлика дали тоа е физичко, психичко, економско или некое друго, според Пеева во праксата и на терен дел од институциите во одредни општини покажуваат одредена несериозност кон жртвите, додека во други општини имаат, како што вели, брза заштита и помош на жртвите.

Вчерашното убиство на жената пред прагот на нејзиниот дом во раните утрински часови е фемицид или родово базирано убиство на жена. Според анализите на ЕХО од 2018 до 2022 година имаат регистрирано и докажано вкупно 17 фемициди, убиства на жени заради тоа што се жени.

Нашата земја нема ваков регистер, но според Пеева позитивното е тоа што од март годинава фемицидот е инкриминиран.

Според измените во Кривичниот законик сторителите  на фемицид се соочуваат со повисоки и построги затворски казни, кои се движат од 10 години до доживотна казна затвор.

Кочанското јавно обвинителство објави дека  59 годишнио убиец ќе се терети за сторено кривично дело  убиство на свиреп начин. Од обвинителството потврдуваат дека сторителот е во 30 дневен притвор.

Викторија Димитрова Јованова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.