Театарската претстава “Пинокио” утре гостува во Дом на култура – Македонска Каменица

01.03.2018 kamenica.mk

Во организација на КИЦ “Романса” – Македонска Каменица, утре (02.Март, Петок) со почеток од 12 часот, во Домот на култура од нашиот град, а во изведба на Народниот театар при НУЦК “Антон Панов” од Струмица, ќе биде одиграна театарската претстава “Пинокио”. Театарската претстава е наменета за дечиња од прво до петто одделение при ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица.

“Пинокио” е позната театарска претства од репертоарот на Народниот театар при НУЦК “Антон Панов” од Струмица, која е во режија и сценографија на Драгана Таневска, драматург – Ацо Гогов, додека костимограф на сцена е Ванчо Василев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *