Театарската претстава „Како да се ограби Банка“ во Дом на култура во Македонска Каменица

Со почеток од 19:00 часот во петок, на 20.12.2019 година, во Домот на Култура во Македонска Каменица гостува театарската претстава „Како да се ограби Банка“. Станува збор за комедија од авторот Сами Фејд, во режија на Катица Џишева Дупарова, а во изведба на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ од Гевгелија.

Влезниците за театарската претстава веќе се пуштени во продажба. Истите можете да ги добиете во билетарницата на Дом на култура по цена од 100 денари. Бројот на карти е ограничен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.