ТАЖНА ВЕСТ: Исчезнатиот жител на село Дулица е пронајден мртов

На 26.04.2023 околу 12.30 часот во с.Дулица, општина Македонска Каменица, во близина на неговиот дом бил пронајден починат Т.А.(50) од с.Дулица, за кого неговиот брат Ј.А. на 25.04.2023 пријави дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Извор: Дневен Билтен на МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published.