Стојмир Георгиев ја освои наградата “ловечка пушка” на годинешнава Ловечка вечер во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 09.02.2019 година – Ресторанот САСА во Македонска Каменица е местото кое вечерва, по повод традиционалната “Ловечка вечер” собра над 300 гости од Македонска Каменица и регионот. Покрај ловците-членови на ЛД “М.Каменица-Саса” и љубителите на ловот од нашиот град, гости на Ловечката вечер се и членови-претставници на ЛД “Бел Камен” – Виница, “Острец” од Делчево и “Еребица” – Скопје.

Главната награда, на приредената лотарија од Ловечката вечер, отиде во рацете на вечерва најсреќниот ловџија, Стојмир Ѓеорѓиев од Македонска Каменица.

За добра забава и одличен амбиент на највеселата вечер за ловчиите од Македонска Каменица, се погрижија одличните “Актив Бенд” и Ивана Наумова како вокален исполнител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *