Стипендирање на младите, влог во сигурна иднина

Пред некоја година „Саса“ испрати во Руската Федерација четири млади личности, од кои тројца студираат рударство, а еден подземна геодезија. Далибор, Гоце, Александар и Ангел се млади луѓе кои се решиле да студираат рударство во рускиот град Екатеринбург. Првите тројца се од Македонска Каменица, во која се наоѓа Рудникот „Саса“, додека Ангел е од Скопје. Во административниот центар на Свердловскаја, област која има близу 1,5 милиони жители, младите од Македонија студираат на Рударскиот факултет при Уралскиот државен универзитет. Овој рударски факултет е еден од најстарите и најпочитуваните во целиот свет. Тука студираат студенти од повеќе од триесет земји во светот. Стипендистите на Рудник „Саса“ имаат загарантирано вработување по завршување на школувањето.

„Кога Рудникот распиша оглас за четири стипендии на Рударскиот факултет при Уралскиот државен универзитет во Екатеринбург, веднаш се пријавив. Кога дознав дека сум избран меѓу триесетина кандидати, главно од источниот дел на Македонија, бев пресреќен“, вели Далибор Јакимовски. Иста е приказната и на Гоце, Александар и Ангел.

Првата година во новата средина, согласно со Програмата на Универзитетот, младите Македонци учеле руски јазик. Во студентскиот дом не им било дозволено да бидат заедно, туку со цимери-студенти од Русија.

На Гоце Ивановски, учењето на рускиот јазик му одело добро. „Речиси 40 проценти од зборовите се идентични со нашиот јазик, но сепак, мора солидно да се знае јазикот за да се следи наставата. Мене ме освои фактот што младите од Русија беа среќни што дошле нивни врсници од земја со словенски корени“ – вели Ивановски.Rudnik_sasa_dooel

„Русите беа изненадени колку ни се слични јазикот и културата. Студентите во Екатеринбург не знаеја речиси ништо за нашата држава. Затоа им презентиравме слики од Македонија, од нашите убавини, по што многу руски колеги изразија желба да дојдат кај нас“ – вели.

Студиите на младите Македонци во Русија ќе траат 5 и пол години. По завршувањето на школувањето имаат обврска да работат во Рудник „Саса“ извесен период.

Идејата да се стипендираат македонските студенти е на генералниот директор на Рудникот, Александр Раков, кој го знае значењето на квалитетен кадар за развој на компанијата.

„Покрај студентите во Русија, Рудникот инвестира и во веќе вработениот кадар. Неколку инженери станаа магистри, а некои се на докторски студии. Ние максимално ги поддржуваме и тоа е влог во нашата подобра иднина“ – вели Максим Прохоров, директор за развој и инвестиции во Рудник „Саса“.  Deset_uspesni_godini_baner

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *