Стартува субвенционирањето за раст на плати

За оваа намена во Буџетот за 2020 година се обезбедени 2,4 милијарди денари и овие средства ќе се уплаќаат како придонеси во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес конференција го презентираа новиот Закон за субвенционирање на придонеси за раст на плати којшто стартуваше од неодамна. Министерката Царовска ги повика компаниите да ја искористат оваа мерка за којашто рече дека директно ги поттикнува и подржува работодавачите да ги зголемат платите на работниците.

-Зголемувањето на платите директно ќе влијае на подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој. Ваквото законско решение е на барање и е подготвено во соработка со бизнис секторот, пред се со работодавачите од трудоинтензивните дејности и истото предвидува субвенционирање на придонесите од страна на државата за плати зголемени од 600 до 6000 денари- рече министерката Царовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *