Стартува новата сезона на #ТајВицЗнаешЛеГо на kamenica.mk

Некој ловџија кренал на лов, ама сакал и да се прошета чисто онака со коно и загаро низ шумата. Летно време било, жешко, цврста пладнина…

Едно време коно застанал, завртел се накај ловџијата, погледнал го и со човечки глас му рекол: Дај тражи да пиеме некаде вода бе, исцркааме на таа жега…ка си не убрал!

Ловџијата, ка чул коно оти продумал, од страх побегнал прв напреш, одма и загаро по него и бегали…бегали, та до Сива кобила горе. Не можел веќе да бега ловџијата, врти се и гледа оти го нема коно да ги гони и приседнува да одмори. Стига и загаро до него, извадил и он јазико веќе, готов… Приклекнува до него загаро и задијан му вика на ловџијата: Да го навра и на коно, ак’ло ни искара и на двата! :)))

Leave a Reply

Your email address will not be published.