Денес во преполна сала во Македонска Каменица, КК “Баскет-Кам” одигра кошаркарски натпревар од Б-2 лигата во категорија до 18 години (М-18) . Гости на денешниот натпревар беа КК “Пантери” од Куманово кои се задоволија со пораз од “само” 19 кошеви (65-46), во натпревар во кој што потполно доминираа домашните кошаркари. Најпрецизни повторно беа Кире Блажевски со 17 поени исто како и Александар Тодоровски, а Борјан Панов постигна 12 поени.
И во следниот натпревар КК Баскет Кам што го игра во Скопје против екипата на КК Плејмејкер очекува сигурна победа.