Стариот одмор мора да се искористи до 31 мај, а новиот за 2020 до 30 јуни

На сила стапи Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, а новините се однесуваат на користењето на деновите од годишниот одмор од 2019 година и 2020година.

Годишен одмор од 2019

-Работниците од приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, имаат обврска да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот;

Годишен одмор од 2020 година

-Работниците од приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот;

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *