Стаменкова со честитка за 11 Октомври

Градоначалничката Стаменкова по повод денешниот празник 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ, упати честитка до граѓаните на Македонска Каменица.

„На 11 октомври 1941 година нашите предци ја започнаа битката за слобода, а подоцна, преку АСНОМ ги поставија и темелите на македонската државност. Низ антифашистичката борба Македонија и нејзините граѓани од различни верска и етничка припадност дадоа свој придонес во победата над фашизмот“, наведува Стаменкова во честитката.

Додава и дека „со својата храброст и одлучност, борците во антифашистичката борба го трасирале патот кон слобода, еднаквост и напредок“.

„Заложбата на нашите предци за слобода и независност, денес е заложба на сегашните генерации за интеграција во ЕУ и НАТО, за рамноправност со демократскиот и развиен свет, онаму кадешто вистински и вредносно припаѓаме“, нагласува градоначалничката Соња Стаменкова и повикува „да се реализираат децениските заложби за слободна демократска и развиена држава – партнер на регионот и светот“.

Општина Македонска Каменица 11 Октомври го одбележува со повеќе манифестации и пригодна културно уметника програма во образовните и воспитните институции реализирана во Домото на култура. Денес, чествувањето на празникот започнува пред споменикот на народниот херој, каде учениците од СОУ „Миле Јанвески Џингар“ преку реферати и рецитали на литературни творби ќе го истакнат значајот на 11 Октомври како празник на македонската слобода и државност. Одбележувањето на празникот продолжува со полагање на букети свежо цвеќе пред споменикот на народниот херој Вера Јоциќ и вечното почивалиште на народниот херој во село Саса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *