Стаменкова: Започнуваме постапка за доизградба и уредување на Градскиот кеј на Каменичка Река

Македонска Каменица, 11.02.2021 година – Градоначалничката Соња Стаменкова на својот фејсбук профил најави почеток на постапка за изработка на техничка документација, со која во текот на оваа година се предвидува изградба на последниот дел од Градскиот кеј од Каменичка Река.

“Преостанатите 120 метри ќе бидат изградени оваа година, со што целосно ќе ја завршиме изградбата и уредувањето на Градскиот кеј на Каменичка Река”, – кажа градоначалничката Стаменкова

Во соопштението за јавност градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова ги најави и проектите ко8 следуваат во 2021 година, додавајќи “Дополнително, со планираната изградба на Паркот на млади и доуредувањето на пешачките патеки и шеталиштата со хортикултура и урбана опрема овој дел од градот ќе добие сосема нов и модерен лик. Минатата година, општина Македонска Каменица изгради 150 метри од “минор” и “мајор” коритото, пристапни патеки со скали и рампи за олеснето движење и пристап на граѓаните до градскиот кеј”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *