Суво и релативно топло ќе биде до четврток. Температурите ќе бидат во пораст и над просекот за овој период од годината.
Утринските температури утре ќе бидат ниски, а преку ден температурата ќе го достигне 15-тиот степен. Во Каменица максималната температура утре ќе достигне до 10 степени.
Веќе од четврток се очекува зголемување на облачноста и опаѓање на температурата на воздухот. Од следниот викенд, УХРМ најавува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.