Српскиот патријарх Иринеј почина од Ковид 19

Патријархот на Српската православна црква Иринеј почина утрово од ковид-19, откако завчера нагло му се влошила состојбата.

Деведесетгодишниот Иринеј беше примен во воената болница во Белград на 5 ноември откако имаше позитивен тест за коронавирус. Само три дена порано, тој ја предводеше богослужбата во чест на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кој исто така почина од ковид-19. На богослужбата во Подгорица никој не носеше маска, а некои од присутните го бакнуваа телото на Амфилохије, кое беше положено во отворен ковчег. Во лекувањето на Иринеј учествуваа и руски лекари.

Иринеј стана 45. врховен поглавар на Српската православна црква во 2010 година, по смртта на неговиот претходник Павле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *