Средба на градоначалникот Соња Стаменкова со Директорот на Рудник Саса-Нил Роберт Стевенсон

Градоначалниокот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова оствари работна средба со генералниот директор на Рудник Саса, г-дин Нил Роберт Стевенсон.

На средбата се разговараше за досегашното силно партнерство помеѓу Рудникот и локалната самоуправа, како и за можностите за продлабочување на соработката. Господинот Стевенсон ја потврди посветеноста на најголемиот стопански капацитет во Општината за надминување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Македонска Каменица. Тој најави дека Рудник Саса ќе продолжи да инвестира во младите, во спортот, образованиете, социјалата и културата.

извор: makedonskakamenica.gov.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.