СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА СО АМБАСАДОРОТ НА АВСТРАЛИЈА ВО СРБИЈА, ЏУЛИЈАНА ФИНИ

08.XI.2017 (kamenica.mk)


Уште во текот на првиот работен ден, Градоначалникот Соња Стаменкова оствари неформална средба со Џулија Фини, Амбасадор на Австралија во Србија и почесниот конзул на Австралија во Република Македонија, Зоран Костовски. На средбата разговарите се водеа во насока на договор за соработка и создавање на услови и предиспозиции кои директно ќе влијаат и помогнат за развој на НВО секторот во Македонска Каменица.

Средбата од неформален карактер беше организирана од менаџерскиот тим на Руник Саса, на која присуствуваше и г-дин Неил Стивенсон, ген.директор на Рудник Саса. На оваа средба од неформален карактер, прва по изборот на новиот градоначалник на Македонска Каменица – Соња Стаменкова, беше договорен и меѓусебен официјален состанок во работни рамки со раководството на Рудник Саса во текот на наредните денови.

Од делегацијата на австралиската амбасада изразија големо задоволство од оваа остварена посета на Македонска Каменица, посетата на Рудник Саса и средбата со градоначалникот на општина Македонска Каменица и изразија надеж за продлабочување на релациите за меѓусебна понатамошна соработка и пријателство во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.