Спречен поголем пожар во училиштето во село Тработивиште

Денес во попладневните часови избувна пожар во подрачното училиште при ООУ „Св.Климент Охридски“ во с.Тработивиште. Веднаш по дојавата било интервенирано од страна на ТППЕ Делчево кое во гаснењето на пожарот учествувала со 4 пожарникари и 2 возила.

-Дојавата ја примивме во 15 часот и 10 минути, интервениравме со две против пожарни возила, пожарот е ставен под контрола а во гаснењето учествуваа 4 пожарникари. Има материјална штета која органите допрва ќе ја утврдуваат, штетата е минимална во однос на она што можело да настане. Пожарот најверојатно е настанат од димоводниот канал, таму беше главното жариште на пожарот и ние интервениравме во почетна фаза со пуштање на 2 линии го локализиравме пожарот и целосно го изгаснавме, истакна пожарникарот Миле Тодорвоски кој со уште 3 колеги учествуваше во гаснењето на пожарот.

Од ТППЕ Делчево апелираат до граѓаните редовно да ги чистат своите оџаци бидејки во овј период од годината се најчести ваквите пожари од кои може да настане штета не само кај постарите туку и кај поновите објекти. Со цел да се сведе на минимум можноста за повторна појава на пожарот директорот на делчевската деветолетка Горан Димитровски постави дежурна служба која ќе остане во близина на објектот до раните утрински часови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *