СПОДЕЛЕТЕ! Штипјанка преку Твитер и Фејсбук си ја бара сестрата близначка

16. Јануари 2018 каменица.мк

Преку социјалната мрежа Твитер штипјанка  веќе неколку дена интензивно си ја бара сестрата близничка.  Наведува дека таа е родена на 12 август 1990 година како една од двете близнички. За жал, како што тогаш  персоналот на штипската болница на мајката и соопштил дека едно од нејзините две девојчиња  починало за време на породувањето.

Но, животната  дилемата  во семејството  на   младата штипјанка ја открива една случајна средба со непозната жена која е фрапирана  од нејзината и сличноста на друга девојка  која  е видена  и која  веројатно  живее во Струмица.

За ненадејната средба штипјанката зборувала со родителите по што  сега и почнува потрагата по социјалните мрежи.

На што конкретно се сомневаат  од ова семејство  засега  одговор  нема зашто  семејството кое е во потрага за себе не оставило ниту елементарни податоци.

Колку и ова да е уверливо, убедени сме  дека сомнежот  за судбината  на нивното дете   кај  засегнатото семејство   ќе остане засекогаш.  Како и да е, забележете ли некоја  исклучителна сличност со девојката  која си ја бара сестрата преку Фејсбук и Твитер, споделете.

Leave a Reply

Your email address will not be published.