Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита, напиша на својот Фејбук профил премиерот Оливер Спасовски.
Тој во својата порака напоменува дека вирусот е тука и опасен е, иако е јасно е дека многу мал број граѓани имаат симптоми од него.
-Но, тука нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен ризик. Затоа, оваа битка можеме да ја добиеме само ако сите без оправдувања ги почитуваме мерките воведени од здравството и епидемиолозите, пишува Спасовски.