Спасовски бара Владата да го разреши Велковски за скандалот со службениот џип од МВР

Министерот за внатрешни работи ќе предложи Владата да го разреши директорот на БЈБ – Лазо Велковски. Предлогот доаѓа откако внатрешната контрола на МВР покажала дека ќерката на Велковски се возела во службениот џип на МВР на 2-ри август во Грција. Возилото било пратено со налог потпишан од самиот Велковски, но притоа не била испочитувана целосната процедура за службено патување и возилото тргнало во Грција без решение. Велковски за време на внатрешната контрола изјавил дека тоа го направил поради заканите кои биле упатувани до него и неговото семејство и затоа сметал дека не би било безбедно да ја пушти ќерката да патува сама.

„Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама“, стои во  соопштението до јавноста од МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *