Спасен давеник од водите на Брегалница во Делчево

Синоќа околу 19 часот во близина на гумената брана кај речното корито на Брегалница во централното градско подрачје, бил забележан маж на возраст од околу 60 години како се дави во водата. Случајни минувачи со иницијали Д.Н и Н.С го забележале лицето и веднаш го извадиле од водата укажувајки му прва помош.

Д.Н кој бил во близина го забележал човекот како бара помош и без размислување, веднаш влегол во водата при што заедно со останатите случајни минувачи, му помогнале на човекот да се избави од најлошото.

Засега, не се познати причините како ворасниот маж се нашол во водата, а од она што го велат очевидци кои ни испратија фотографија од настанот, веднаш по интервенцијата на нашиот совесен граѓанин Д.Н, на лице место на настанот пристигнала и медицинска екипа на Итната помош како и екипа на ТППЕ Делчево, но за среќа се било навреме завршено, без посериозни последици по животот на лицето кое се давело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *