Со џип излетал од мост на патот Виница – Берово

Возач од Виница бил тешко повреден откако со џипот што го управувал излетал од мост, вчера на регионалниот пат Виница – Берово. По сообраќајката тешко повредениот Н.Б.(26) со возило на Итна медицинска помош бил пренесен до Клиничката болница во Кочани, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Клиниките „Мајка Тереза” во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила дента околу  17.10 часот, на мостот на Ленишка река. Џип „дачија дастер“ со скопски регистерски таблици, што го управувал Н.Б. (26), поминал на левата сообраќајна лента при што возилото се свртело странично, со десната страна удрило во металната ограда и излетал од мостотот.

Полицијата извршила увид и ги утврдува причините за сообраќајката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *