Со филмот „Исцелител“ се врати киното во Македонска Каменица

Македонска Каменица 14.09.2018. (kamenica.mk) – По пауза од 13 години синоќа во Дом на култура во Македонска Каменица повторно беше прикажан филм. Љубителите на филмската уметност имаа можност да го видат филмот „Исцелител, македонскиот игран филм во режија на Ѓорче Ставрески.
Кино-проекцијата на филмот „Исцелител“ во Македонска Каменица е заедничка идеја на Совет на млади и КИЦ Романса од Македонска Каменица, која е реализирана со нивни заеднички ангажман.
 Следни активности од областа на културата во Македонска Каменица продолжуваат во делот на театарската уметност. Како најава, 27 септември 2018 година. исто така во кино салата во Македонска Каменица ќе биде прикажана комедијата „Вдовицата се мажи“, театарска претстава во изведба на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *