Со „Вечер на серенада” продолжуваат културните збиднувања во Делчево

Продолжуваат културните збиднувања во Делчево во рамки на таканаречената „Вечер на серенада”. Како што информираше директорот Методи Толевски, на настанот кој се одржува вечерва ќе настапат староградски групи од Делчево, Виница, Берово и од градот Гоце Делчев, Република Бугарија.
– Ова е втор дел од таканаречената „Вечер на серенади” на која покрај домашната пејачка група „Ѓурѓа” и оркестар „Делчевски еснафи”, вечерва ни гостуваат и групата „Беровски тамбураши” од Берово, група „Мелем” од Виница и група „Неврокоп” од Гоце Делчев, Бугарија. Се надеваме дека публиката ќе присуствува во голем број и ќе се потсети на староградските песни и серенадите, кои во минатото беа доста популарни во овој крај, истакна Толевски.
Претходно, како што додаде, по повод Денот на ослободувањето на Делчево со настап на Градскиот хор од Штип се реализираше првиот дел од овој настан.
Вечерта на серенади, Националната установа Центар за култура – Никола Јонков Вапцаров од Делчево, ја реализира под покровителство на Министерството за култура, а во соработка со општина Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *