СОСТОЈБАТА СО РИБНИОТ ФОНД ВО КАЛИМАНСКО ЕЗЕРО Е АЛАРМАНТНА И ЗАГРИЖУВАЧКА

Алармантна состојбата со рибниот фонд во Езерото Калиманци. Сушата го испразни езерото, па рибите да пливаат на суво.

  • Алармантна е состојбата, подмладкот кој беше измрестен пролетва го нема ги јадат поголемите риби. Ваква ситиација немало ние сме концесионери веќе 5 години нивото е многу ниско и ако така продолжи, последиците ќе бидат големи и голем дел од рибниот фонд ќе биде уништен, изјави Горан Стоименовски, претседател на СРД Шаран – М.Каменица.

Затоа каменичките рибари апелираат државата да преземе соодветни мерки за да се спаси рибниот фонд во езерото. За состојбата со рибниот фонд во Калиманци ќе ги информираат сите надлежни написмено.

  • Надлежните орани мора да излезат на терен и д авидат и да се преземаат мерки, ако така продолжи мора да с енаправи дислокација на рбниот фонд, тоа го дозволува законот, кажа Стоименовски.

Инаку, моментално во езерото Калиманци има 30 милиони кубни метри вода, а дневно се испуштаат по 50 см, додека дозволената граница е 70, информираат од водостопанство Брегалница. Оттаму потенцираат дека ваков сушен период немало последните 30 децении, а тие се обврзани да ја почитуваат нивната законска обврска, според која водата од браната е наменета првично за наводнување и заштта од полави, а потоа следуваат другите функции.

Инаку, празното езеро, оваа година ќе го одложи и традиционалниот меѓународен рибарски  супер куп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *