Соопштение од свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица до православните верници

 

Свештениците при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ги известуваат своите верници за текот на богослужбите по повод 28 Август – патрониот празник на храмот, општината и рударите „Успение на Пресвета Богородица“.

27. Август (понеделник)

  • Вечерна празнична богослужба во 16 часот, со свечена литија околу храмот.

28. Август (вторник)

  • Празничната утрена богослужба од 07:00 часот
  • Пречек на Митрополит Брегалнички г. Иларион во 07:30
  • Света архиерејска литургија во 08:00 часот 

По завршувањето на литургијата во дворот на Светиот храм ќе се прекрши славски колач. Сите што постеле, се исповедале и имаат добиено благослов од свештениците да се причестат треба да присуствуваат на Светата литургија. Децата до 7 годишна возраст можат слободно да се причестат без претходна подготовка (без пост и исповед). 

 

Лето Господово 2018                                                                                        Христос помеѓу нас!
                                                                                                                                    Од свештенството

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *