Сообраќајка кај село Драмче го затвори за сообраќај патниот правец Каменица – Делчево

Македонска Каменица, 25.12.2018 година – Сообраќајна несреќа која пред час и половина се случи кај село Драмче, времено го затвори за сообраќај патниот правец Македонска Каменица – Делчево.

Станува збор за сообраќајна несреќа во која возачот на автомобил Југо со каменички регистарски таблички, изгубил контрола над истото и удрил во заштитната ограда и страничниот дел од патот. Возачот е во добра здравствена состојба.

Истражните органи се на место на несреќата, истрагата за причините и причинетата штета е во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *