Сончево со умерена облачност и умерен ветер

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната температура од 13 до 27 степени.

Во Македонска Каменица ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 24 степени.

Во среда ќе биде стабилно и суво. Во четврток попладне и во петок повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *