СОНЧЕВО И РЕЛАТИВНО ТОПЛО СО СЛАБ ВЕТЕР

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *