Сончево и ветровито, од вечер дожд и снег на повисоките места

Сончево и топло време со умерена на места значителна облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигне брзина од над 70 километри на час. Во вечерните часови ќе се зголемува облачноста. Во западните делови ќе има локален дожд, а на планините снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Македонска Каменица слично време со повремено засилен ветер од јужен правец и максимална температура до 19 степени. Утриново најстудено е во Берово каде се измерени -2 степена и во Струмица -1 степен, додека во останатите градови во државата утринските температури се над нулата. Најтопло е во Демир Капија каде се измерени девет степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *