Македонска Каменица 23. Април 2018 година – На државниот натпревар по географија кој се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје на 20. Април 2018 година, учениците од СОУ “Миле Јаневски Џингар” под менторство на професорката Снежа Велкова ги постигнаа следните резултати: Второ место освоија: Валерија Стојановска, Ивана Дончевска и Нела Николовска.
Трето место освои Теодора Стоиловска
Честитики до учениците и менторот со желби за понатамошни големи успеси и претставување на нашето училиште.