Советот на општина Македонска Каменица донесе одлука за основање на регионална депонија од страна на Владата на Р.М

Makedonska Kamenica

Македонска Каменица 22 Март 2018 година – Советот на општината Македонска Каменица на својата седница одржана на ден 13.03.2018 година, донесе Одлука за давање на согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Источниот и Североисточниот плански регион. Тргнувајќи од проблемите со кои се соочува општината во однос на управување со отпадот, а со цел заштита на животната средина и здравјето на луѓето, Советот на општина Mакедонска Каменица ја донесе одлуката за основање на регионална депонија од страна на Владата на Р.М. Главни причини поради кои се пристапи кон донесување на ваквата одлука се проблемите со кои се сочува општината во управувањето со отпадот и неможноста за исполнување на обврските кои произлегуваат од Законот за управување со отпад. Заради заштита на животната средина и здравјето на луѓето, како и состојбата со отпадот во општина Mакедонска Каменица неопходно е итно преземање на активности со цел собирање, транспортирање, селекција и отстранување на отпадот. Воедно, согласно Националниот план за управување со отпад на Република Македонија и Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот плански регион, потребно е да се воспостави регионален систем за управуање со отпад преку основање на регионална депонија и соодветната инфраструктура.

Во Физибилити студијата за управување со отпад за Источниот и Североисточниот плански регион е утврдено дека вкупните инвестиции за основање на региналниот систем за управување со отпад изнесува 26.610.594,00 евра, при што минимални финансиски средства треба да бидат обезбедени од страна на општина Mакедонска Каменица. Дополнително, согласно со Стратегијата за управување со отпад на Република Македонија, потребно е воспоставување на регионална соработка за основањето на депонијата, без кое управувањето со отпадот не може да биде одржливо ниту достапно за населението. Во овој момент не постои можност сите општини од Источниот и Североисточниот плански регион да ја обезбедат потребната финансиска помош со што не може да се основа депонијата со потребната инфраструктура доколку не се обезбеди финансирање од Владата.

Врз основа на претходно изнесеното, Советот на општина Mакедонска Каменица донесе одлука со која основањето на регионалната депонија со потребната инфраструткура го доверува на Владата на Република Македонија, како најдобар начин за брзо решавање на проблемите со управувањето со отпадот, а кој ќе биде со најмали трошоци и со цена која ќе биде достапна за населението во Источниот и Североисточниот плански регион

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *