Советот на Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради трагичниот настан во кој животот го загубија двајца наши сограѓани

Македонска Каменица, 10. Април 2023 година – Денеска, со почеток од 19:00 часот, беше одржана итна Седница на Советот на општина Македонска Каменица, на која од страна на советниците едногласно беше донесена Одлука за прогласување на тридневна жалост во Општина Македонска Каменица. Одлуката за тридневна жалост на 11. Април, 12. Април и 13 Април 2023 година, е донесена поради трагичниот настан кој вчера се случи во Италија, каде животот го загубија двајца наши сограѓани.

Од Советот на Општина Македонска Каменица информираат дека, по дополнителни консултации со службите во Општината ќе ја разгледаат можноста за одобрување на финансиски средства за семејствата на загинатите во трагичниот настан.

 

Добиеното соопштение од Советот на Општина Македонска Каменица, Ви го пренесуваме во целост:

Македонска Каменица е завиена во црно.
Македонска Каменица е во жалост.
Згаснаа млади животи.

Почитувани сограѓани,

Советот на Општина Македонска Каменица изразува искрено и длабоко сочувство до фамилиите на трагично загинатите млади момчиња.

Денес, Советот на Општина Македонска Каменица на Вонредна Седница едногласно донесе одлука да прогласи Тридневна Жалост во деновите 11, 12 и 13 Април 2023 година, Вторник, Среда и Четврток.

Советот на Општина Македонска Каменица во текот на утрешниот ден по дополнителна консултација со службите на Општина Македонска Каменица ќе ја разгледа можноста за одобрување на што е можно поголема финансиска поддршка за ожалостените фамилии.

Момчиња почивајте во мир, нека Ви е светол патот во вечноста.

Секогаш ќе се сеќаваме на Вас.

Со почит,
Совет на Општина М.Каменица

 

Во сообраќајната несреќа која синоќа се случи во близина на италијанскиот град Асти, како што потврдија од Министерството за надворешни работи, животот го загубија тројца македонски државјани З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко.

Leave a Reply

Your email address will not be published.