СОВЕТНИЦИТЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА ЈА НАПУШТИЈА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА НА КОЈА СЕ ГЛАСАШЕ ЗА БУЏЕТОТ ОД 2018 ГОДИНА

22.XII.2017 каменица.мк
Иако на почетокот на мандатот ветуваа кооперативност и соработка со советниците од владеачкото мнозинство, советниците од ВМРО ДПМНЕ одлучија да ја напуштат вчерашната седница на Советот на општина Македонска Каменица. Тие со образложение за поддршка на притворените пратеници за инцидентот во македонскиот Паралмент од 27 април, ја напуштја најзначајната седница на Советот на Македонска Каменица, седница на која беше донесен Буџетот на општината за претстојната 2018 година. Оваа нивна одлука, помина без коментар и посебно внимание од страна на владејачкото мнозинство, па работата на Советот и гласањето за буџетот, советниците од СДСМ и коалицијата го продолжија без нив.

Буџетот на општина Македонска Каменица оваа година е со реална проекција (262 387 000 ден.) за разлика од минатите години, кога буџетот беше нереално зголемен (346 000 000 ден), а имаше слаба реализација на прибирање на средства за истиот.

  • Не смееме да си дозволиме како лани кога беше проектиран буџетот на 346 милиони, а да имаме слаба реализација. Според насоките од Минис. За транспорт треба да имаме фонд за проекти и таму се предвидени повеќе пари, кажа во дел од изјавата Соња Стаменкова, градоначалик на Македонска Каменица.

Основниот буџет на Општина М КАменица изнесува  179.922.000 денари, 5.965.000 денари се средства планирани на сметката за самофинансирачки активности, 68.500.000 денари се средства одобрени за блок дотација, а планираните средства од донации се во износ од 8.000.000 денари.

Приходите од концесија се на годишно ниво од 100 милиони денари, изјави Данче Ангеловска, Одд за финансии.

Инаку, даночни приходи за 2018 година се планирани во износ од 10.180..957 денари, приходи од ДДВ за 2018 се во износ од 13.309.043 денари. За наредната година, М. Каменица ги зголемени се средствата за исплата на надоместокот за новороденчиња од 6000 денари на 10.000 денари а за првото новороденче во 2018 година планирани се средства во износ од 20.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.