Снежен и студен бран ја зафати Македонија – вклучени жолт и портокалов аларм

Снежен бран ја зафати Македонија – вклучени жолт и портокалов аларм

За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 км/час), а температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица

Драстично намалување на температурите, силен северен ветер, обилни врнежи од дожд и снег се најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), почнувајќи од утрешниот ден. Портокалов аларм за поголемиот дел од земјава е активиран за утре, вклучувајќи ги источниот и западниот дел на Македонија. Во Скопскиот регион е вклучен жолт аларм, вклучувајќи ја и можноста за врнежи од снег.

 

 

 

 

„Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 км/час), а температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица“, гласи денешното предупредување на УХМР.

 

 

Во Скопје утре времето ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината.

Особено ниски температури од под минус 10 целзиусови степени се очекуваат во ноќните часови во понеделник, кога низ целата земја температурите на воздухот ноќта ќе паднат под нула степени. Врнежи од дожд и снег се очекуваат и во текот на наредната недела, во вторник.

Leave a Reply

Your email address will not be published.