СЛУЧАЈ ФАЛСИФИКАТ: КК “Дино Баскет” – Кочани суспендиран на четири години, играчите на две

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги одреди казните за контроверзната завршница од државното првенство за кошаркари до 14 години.

Според членот 20 од дисциплинскиот правилник на МКФ од ноември 2009 година, претседателот на клубот Сашо Лазаров се казнува со суспензија за вршење на должност во период од четири години.

Според членот 21 од дисциплинскиот правилник на МКФ од ноември 2009 година, клубот Дино Баскет се исклучува од понатамошно натпреварување и се изрекуваат неколку казни во делот на ретроактивно оземање на сите спортски пласмани (табеларни 1, 2 и 3 место во период 2017, 2018 и 2019 година) по било кој основ.

Според членот 21 од дисциплинскиот правилник на МКФ од ноември 2009 година, играчите на Дино Баскет, Филип Димитријев и Петар Ивановски кои се наведени во пријавата на КК Работнички поради сомневање дека настапуваат со лажни документи, се казнуваат со забрана за играње во период од две години.

Извор: basketball.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *