Скоро цела држава под нула. Во Каменица -4°C

19 декември 2017 (kamenica.mk)

Во поголем дел од Македонија утринава температурите се под нулата освен во Гевгелија каде се измерени три степени.

Најстудено е во Маврово каде минималната температура е -12 степени, потоа во Лазарополе -11, Крушево -8, Пожаране -7, Дебар -6, Ѓуриште -5, Каменица и Берово -4, Тетово, Охрид, Прилеп и Претор -3, Битола -2 и Штип, Виница, Демир Капија и Куманово -1 степен. Во Скопје, Струмица и Дојран се измерени нула степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дојран – четири литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Пожаране, Тополчани, Струмица, Гевгелија, Охрид, Тетово и Битола само еден литар на метар квадратен.

Во Македонија утринава преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наместа има слаби провејувања на снег.

Во текот на денот се очекува слично време со повремено провејување на снег особено во североисточните делови од државата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер долж Повардарието кој повремено ќе се засилува. Максималната температура се очекува да достигне до само шест степени.

Во Каменица, слично време со засилен северозападен ветер, слаб снег и максимална температура до три степени.

Во следните денови ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе се засилува. Во сабота се очекува да има зголемување на облачноста, а ќе има и услови за локален снег

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *