Скопје: 24 годишно момче пронајдено дома избодено со нож

24-годишно момче, утринава, дома, пронајдено избодено со нож. Со сериозни рани во пределот на стомакот и обилно крварење, момчето во несвесна состојба , итно е пренесено на клиниките во Скопје на понатамошно лекување, а неговата состојба се оценува како загрижувачка.

Полицијата го потврдува случајот, но не дава поконкретни податоци за причините за повредите, односно дали тие се направени од туѓа или од своја рака.

Според информации на ТВ Стар, најверојатно, се работи з алице кое е наркозависник, па не е исклучено во прашање да е самоповредување поради апстиненцијална криза. Сепак, ова допрва треба да го утврди полициската истрага , каде засега сите опшции се отворени.

Инаку, момчето стапило во брак пред само една недела, а инцидентот с еслучил во бањата од семејната куќа каде живеело со сопругата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *