Скандал во Штип: Аутистично дете оставено само на фрекфентна улица

Голем скандал во Штип. Аутистично дете оставено само на една од најфреквентните улици во градот, обвинува таткото:

  • По трет пат е загрозен животот на моето дете. Од центарот е испратен со такси, а таксистот го оставил на оваа улица, кажа Зоран Мијалков, татко на детето.

Детето, неколку часа во денот е зрижено во Дневниот центар за аутизам, од каде има обезбеден превоз до дома, но условите на транспорт и предавање на родителите се многу поинакви:

  • Според договорот таксистот треба да го предаде детето на рака на некој од фамилијата, а ако нема никој да го врати во Центарот и исто така на рака да го предаде на вработените, вели Мијалков, татко на детето.

За транспорт на децата се користи такси превоз, иако пред некое време д-р Влатко Миташев за потребите на овие деца на Центарот му подари автомобил:

  • Тоа возило е дадено за овие деца, не знам зошто не се ангажира возач и тој да ги носи децата наместо такси компанија, рече Мијалков, татко на детето.

За случајот со детето на Мијалков, од Центарот за социјални грижи денес немаа коментар зашто директорката била зафатена со други работи.

Во меѓувреме, Мијалков најавува претставка до народниот правобранител и сите надлежни институции зашто тврди ова со неговото дете не е првпат.

Претходно, двапати е оставано на улица, а на денот на отворањњето на Центарот за аутизам детето не му е примено што според Мијалков е еклатантен пример за дискриминација. Ова, твди Мијалков е последица на  неговите јавни настапи во медиумите.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published.