Скандалозна одбрана во Штрпце на суд од таткото што ги избоде своите синови: Сакав само да ја заплашам сопругата!

img

Скандалозна одбрана на таткото кој ги избоде своите деца: Сакал да ја заплаши сопругата!
35 годишниот Дејан Крстичиќ, професор по физичко, вчеравечер ги избодел своите близначиња на возраст од само 40 дена, пред очите на нивната мајка! Едното бебе почина! Тој веднаш бил уапсен, а „се бранел“ дека „само сакал да ја заплаши сопругата“.

Блиц објави фотографија од таткото кој вчера во Штрпце, Косово, во семејниот дом, со нож ги нападнал своите близнаци.

Dejan Krstičić

До трагедијата дошло по кавга меѓу убиецот и неговата сопруга, а на нападот на децата сведочела нивната мајка!

По пријавата за злосторот тој веднаш бил уапсен. Не се спротивставувал на апсењето, седел на масата и постојано повторувал дека сакал да ја заплаши сопругата, ништо друго!

– Синоќа беше уапсен. Извршен е увид на лице место, земена е изјава од него и денеска е спроведен кај обвинител на понатамошен тек на постапката против него. Се работи за тоа дека прв пат во таа куќа се случило семејно насилство, никогаш досега не бил пријавен сличен инцидент или ситуација. Сосем нормален човек, не знам што се случило – изјави за РТК2 Драган Ивановиќ, командир на полициската станица во Штрпце.

Дејан Крстичиќ со нож вчеравечер ги нападна своите синови. едното бебе во болница било пренесено мртво, а другото со повреда на стомакот и засега е вон животна опасност. Децата имале само по 40 дена

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *