Скандалозен случај на ритуален обред врз мачка во Драчево

Вознемирувачките фотографии на кои се гледа преполовено маче опкружено со сатанистички пораки напишани на улица во населбата Драчево, претставува прв забележан случај на крвна жртва во Македонија. Случајот ја разбрани јавноста, но и црквата, од каде велат дека оваа морбидна случка е само продолжение на дејствувањето на организирана група, коja пред неколку дена осквернави неколку цркви во Скопје со графити со сатанистичка содржина.

Црковните претставници стравуваат дека ваквите дејствија може да ги извршува озлогласената секта Црна Ружа, која веќе 15-ина години не е забележана во земјава. Според информациите, групата е една од најопасните секти во светот и често се поврзува со голем број убиства и самоубиства на нејзините членови.

Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, кое и ги објави фотографиите, ги повикуваат сите кои имаат какви било сознанија за овој случај веднаш да пријават во полиција, кои известија дека преземаат мерки за расчистување на случајот, или пак да го контактираат здружението.

Не знаеме дали станува збор за организиран сатанистички ритуал во Скопје или монструозна игра на некој психопат, но што и да е во прашање сторителот мора да се фати и одговара кривично со најстрога затворска казна за изживување и убиство на животно. Повикуваме да СЕКОЈ КОЈ ИМА БИЛО КАКВИ СОЗНАНИЈА за овој случај веднаш пријави во полиција или не контактира нас и помогне во процесот на поднесување пријава, велат од Анима Мунди.

Доколку сакаме да се спречат ваквите појави, вели Отец Оливер, силно апелираме да се воведе веронауката во училиштата. Според него, овој предмет би ги одвратил оние кај кои ќе се јави желба за учество во какви било култови и ќе ги врати младите на вистинкиот пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *