Сите противкандидати на Путин имаат нешто заедничко – немаат шанса за победа!

Русите избираат претседател. На гласачките ливчиња има осум кандидати – или двапати повеќе отколку во 2008 година.  Најновите анкети покажуваат дека 80 отсто од граѓаните ќе го поддржат актуелниот претседател Владимир Путин за нов шестгодишен мандат. Според тоа, противкандидатите  на Путин имаат едно нешто заедничко – немаат шанса!

Вообичаеното објаснување за толку голем број кандидати е тоа што Кремљ, наводно, е загрижен за одѕивот на изборите. Набљудувачите велат дека со новите лица Кремљ се обидува да создаде слика на возбудлива изборна трка, без притоа да го загрози Путин.

На еден од неговите главни кандидати, опозиционерот Алексеј Навални, му беше забрането да учествува на изборите поради судски процес кој заврши со обвинителна пресуда. Навални пак смета дека целиот процес бил режиран од страна на владата и повика на бојкот на изборите.

Генадиј  Зјуганов, комунистички лидер кој е во подминати години и кој речиси секогаш го освојуваше второто место на претходните избори,  овој пат нема да учествува.

Кои се кандидатите на Путин погледнете на следниот линк од НоваТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.