Силно невреме ја зафати Италија, при што неколку луѓе се повредени.
Во близина на градот Милано денеска неколку постари граѓани се повредени кога врз нив паднало дрво, а еден маж е тешко повреден, јави агенцијата АНСА.
Надвор од Милано еден човек е повреден кога ветрот соборил две дрвја. Во регионите на Ломбардија и Пиемонт, паднатите дрвја предизвикаа штета на неколку автомобили, а парковите и плоштадите се делумно затворени. Ветерот откорнал и дел од покривот на главната железничка станица во Милано. Ветер го откорнал и покривот на училиште во провинцијата Варезе. Пожарникарите соопштија дека имале околу 400 интервенции низ целата земја, главно во Ломбардија. Агенцијата за одбрана за цивилна заштита соопшти дека невремето може да продолжи до утре.
Во октомври лани во Италија имаше невреме кое однесе и човечки жртви.
И во текот на месец јули минатата година имаше невреме во оваа европска земја.
фото МИА