Силен пожар во село Дулица. Екипите на ТППЕ – Каменица остануваат на терен

Македонска Каменица 26.09.2018 година – Утрово во 04:45 часот до ТППЕ во Македонска Каменица пристигна пријава за појава на пожар во село Дулица кај м.в Козинец. Зафатена е борова шума на површина од близу 2 хектари во пожарот кој е локализиран во 07:15 часот. Во непосредна близина на првиот пожар, во пладневните часови се појавува и нов пожар со посилен интензитет.

Противпожарните екипи се на терен, пожарот иако е локализиран, сеуште е активен.
Според одговорните лица од ТППЕ во Македонска Каменица, симпроматично е времето и местото на појава на пожарите, при што не ја исклучуваат можноста пожарите и во двата наврати, да се подметнати.
Во гасењето на пожарите учествуваа мешани екипи од ТППЕ од Македонска Каменица, Шумско стопанство и екипа на Шумска полиција од Македонска Каменица.
Пожарникарите и истражните органи се на терен. Дополнителни информации следуват во текот на утрешниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *