Македонска Каменица, 11.03.2019 година – Силен пожар беснее во атарот на село Саса, во непосредна близина на Аризанско и Османлиско маало. Зфатен е поголем дел на сува трева, папрат и букова шума. Пожарот се уште е активен, но поради непристапниот терен и отежнатите услови за гаснење во вечерните часови, гаснењето е прекинато. До утринските часови будно ќе се следи состојбата од дежурни екипи. Во утринските часови, во зависност од потребата ќе бидат ангажирани сите расположливи средства и капацитети за гаснење на истиот.
Како што известуваат од ТППЕ Македонска Каменица, пожарот е пријавен во 11:30 часот од месното население, при што противпожарни единици веднаш се вклучени во гаснење на истиот. Активно, на терен е вклучена и екипа од Шумското стопанство “Голак”, како и одреден број на лица од месното население – изјави Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица
Фото: Гоце Стоиловски