Се трага по 86-годишен жител на Делчево

Исчезна 86-годишен жител на Делчево. Тој од дома излегол пред два дена и оттогаш семејството се обидува да го пронајде. Откако пропаднале сите напори да го пронајдат сами, случајот денес, во полиција го пријавил неговиот внук.

Повеќе детали околу идентитетот и состојбата на исчезнатиот старец од полицијата не се соопштуваат.

Извор: Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published.