Се случи тешка улична кражба во Македонска Каменица

МВР Делчево со кривична пријава за 35- годишниот (З.С) од Македонска Каменица заради основано сомнение дека сторил тешко кривично дело „разбојништво“.
Во вторник на 16.04.2017 година  околу 01.00 часот по полноќ на паркинг во  Македонска Каменица, (З.С) извршил  разбојништво над 49- годишниот (С.М) од село Моштица. Тој со употреба на физичка сила  успеал да му го одземе новачникот во кој имало  13 000 денари и повеќе лични документи, по што се упатил кон својот автомобил кој бил паркиран во непосредна близина и заминал во непознат правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published.